Се чека Илире Даути да потврди – дали ќе даде оставка од претседателската функција во комисијата
Илире Даути сама треба да одлучи како ќе продолжи понатаму да функционира . Во отсуство на официјален став на Европскиот фронт за тоа дали и кој би ја наследил на претседателската функција во собраниската комисија за социјална политика со која таа претседателствуваше - по изгласаната интерпелација од Алијанса за албанците и денеска велат дека ќе ја почитуваат секоја одлука на Даути.
Иако во првиот официјален став кој Даути го изнесе по интерпелацијата потенцираше дека не сака да функционира под диктат на оние кои ја гласаа нејзината интерпелација и дека би ја избрала слободата на делување сепак во едно од последните телевизиски гостувања му порача на собранискиот спикер Гаши да свика нова собраниска седница за поништување на изгласаната интерпелација пртив неа .
Ставот на Гаши пак беше дека интерпелацијата не е правно обврзувачка и дека неговата работа со интерпелациите веќе е завршена и дека постојат посебни закони но тука е и Уставот според кој ова може понатаму да се процесоира . Сепак и вчера од неговиот кабинет информираа дека Даути не поднела барање за оставка а пак и претседателот на комисијата за прашањата за избори и именувања Сајковски посочи дека се уште од собранискиот спикер Гаши не го добил указот од седницата на која се гласаше интерпелацијата каде во заклучокот беше наведено дека Даути работела не совесно и не согласно деловникот .
Од опозициската СДСМ и денеска порачуваат дека интерпелацијата мора да има разрешница и вината ја лоцираат кај собранискиот спикер Гаши
Интерпелацијата на Даути предизвика различни произволни толкувања но и ги исфрли повторно на површина недореченостите во деловникот не само меѓу власта и опозицијата туку и меѓу самите владини коалициски партнери откако Гаши тврдеше дека според деловникот таа не е правно обврзувачка а пак ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ бараа Европскиот фронт час поскоро да достави нов предлог за претседател на собраниското тело .