Се борел за државата, а денес се бори за достоинствен живот
Воен инвалид од конфликтот во 2001 година – со години заборавен од системот. Наместо стан што му следува по закон, неговото семејство плаќа закуп на државата за целосно распадната барака.
Четврт век неговата сопруга талка по институции, чекајќи го она што одамна требало да го добие – достоинствен дом. Наместо конкретна одлука, од институциите добиваат формални известувања, одговори и ветувања без рокови и без конкретно решение. Случајот се префрла од една на друга врата, а исходот останува ист, со скриен идентитет раскажува сопругата на воениот резервист кој битката кај Арачино се здобива со стопроцентна инвалидност.
Привременото решение – бараката по поплавите во 2008 година станала неупотреблива, но обврските кон распаднатиот објект останале. Наместо нов дом, до семејството стигнуваат сметки и извршители.
Случајот е нотиран во Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2025 година како пример за долгогодишно институционално непостапување. Прашањето останува – колку уште години ќе треба за државата да го слушне овој глас?
Од владата велат дека постапката е во завршна фаза. На наредната седница на Комисијата за станбени прашања ќе се разгледа предметот и ќе се донесе конечна одлука.
Влада
- Владата е посветена на законито и транспарентно постапување, а решавањето на случаи кои со години биле оставени без разрешница е јасен показател за таквиот пристап. Но како Влада ги решаваме сите наследени и нерешени состојби од минатото.Постапката се водеше согласно законските процедури, со вклучување на сите надлежни институции и разгледување на сите релевантни аспекти, со цел да се донесе издржана и правична одлука..
И додека властите низ годините креваат раменици некои даваат ветувања други си ја префрлаат одговорноста семејството живее во неизвесност. Човекот кој ја бранеше државата – и по речиси три децении бара бара правда од неа.

