Се бараат пари за развој на Пониква
Градоначалниците од истокот на државата ќе бараат пари од Владата за развој на Пониква. Физибилити студија има, но нејзината реализација е преголем залак за општините. Според Студијата направена пред неколку години, ски патеките и жицарниците треба да се поместат кон Царев врв, а на нивно место да се гради друга инфраструктура за што само во првата фаза се потребни 19 милиони евра, а целосно проектот би завршил за 10 години.
Но додека да се најдат пари за реализација, единствениот ски центар во источниот дел од државата ќе мора да работи со ресурсите со кои располага. Има најави дека годинава конечно ќе бидат ставени во функција и топовите за вештчки снег, вредни еден милион евра, што стојат како експонати последниве неколку години.
Паралелно на Пониква со швајцарски пари треба да се реконструруираат и постојните ски лифтови, а општините во нивните урбанистички планови предвидоа продажба на земјиште за изградба на викендички и хотели.