Се бара расчистување на случајот со трите лиценци на БЕГ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, како и Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, побараа од Основното јавно обвинителство да го расчисти случајот со трите издадени лиценци за БЕГ во 2012.

Основното јавно обвинителство води предистражна за начинот на коj Балкан Енерџи Груп (БЕГ) односно трите ќерки фирми на компанијата која обезбедува парно греење, ја добиле лиценцата за вршење на енергетска дејсност.

Кривичната е поднесена на 22 мај 2019. Одговор не треба да имаме ние, туку да го добијат граѓаните преку ефикасна постапка. Да се види што е тоа што е направено пропуст и тоа да се санкционира. Сметам дека сите институции треба да бидат ефикасни во овој дел. Секогаш кога има  проблем ние сме тука како Влада, но ако нема санкционирање на еден случај, се јавува втор, рече денеска Спасовски како гостин во студиото на ТВ24.