Се бара краткотраен притвор за осомничениот за убиството во Сарај
Основното јавно обвинителство побара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството во Бојане, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.
Од обвинителството информираат дека во тек е прибирање докази за случајот, а издадена е и наредба за обдукција на телото на 18-годишното момче кое беше пронајдено мртво во шумски предел во близина на Сарај.Телото на убиеното 18-годишно момче од скопско Бојане е дадено на обдукција, а надлежниот јавен обвинител за 19-годишникот кој се сомничи дека го извршил убиството бара 48-часовен притвор.
– Имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата, информира попладнево Јавното обвинителство.
Полицијата денеска соопшти дека 19-годипното момче кое го извршило убиството е приведено, а случајот во полиција го пријавил неговиот татко откако синот му признал што сторил.

