Државниот врв вечерва на кординација зад затворени врати ќе дискутира за динамиката со која земјата ќе продолжи на патот на евроинтреграциите но и ќе се дискутира за условите кои ги постави соседна Бугарија и како понатаму.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во најбрз можен рок ќе иницира повторно средба со неговата колешка шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Како што посочи денеска Османи она за кое треба да се дискутира е меѓувладинатра конференција, но и трилатералната средба со неа и неговата колешка од Албанија Џачка.
Бугарија пак се уште не одговорила на нон пејперот кој Македонија го испрати до властите во Софија, а Османи пак со големи очекува од Португалското претседавање со ЕУ, но и убеден е дека поддршката од Германија ниту овој пат нема да изостане.
Премиерот Заев пак денеска одгаварајќи на новинарско прашање посочи дека не ги знае причините зошто се уште земјава нема свој дипломатски претставник во Португалија откако веќе таа да го почне претседавањето со ЕУ, но посочи дека наскоро ќе мора МНР да избере свој тим кој ќе работи на надминување на предизвиците и пречките кои и стојат на земјата на патот кон ЕУ. Португалското претседателство со ЕУ почна од први јануари и ќе трае до 30 ти јуни.
0 Коментари