СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски
Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.
Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата.
Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет и култура. Го признаа и НАТО како добра работа за инвестициите и безбедноста.
А сега дојде уште едно признание: Мицкоски има Влада полна со бугарски пасоши и бугарски државјанства.

