СДСМ: ВМРО, Влен и ЗНАМ не обезбедија кворум, прекината собраниската седница
ВМРО, Влен и ЗНАМ денеска не обезбедија кворум за работа на Собранието, поради што собраниската седница беше прекината – реагираа попладнево од СДСМ. Велат дека од речиси 80 пратеници на владејачкото мнозинство, кворумот не бил обезбеден, иако тоа, според СДСМ, било обврска на владејачкото мнозинство.

