СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кочи се што е во интерес на граѓаните и државата
ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се што прави се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата. Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов.
Тој посочи дека додека Владата и институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, правеа и се уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.