СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, вината за ,,Еуростандард банка" е во нивниот кадар Горан Трајковски
Foto

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, вината за ,,Еуростандард банка" е во нивниот кадар Горан Трајковски

„ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓаните.

Како што соопшти и Народната банка, стечајот на „Еуростандард банка" е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од  ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на ,, Еуростандард банка". Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката. ВМРО-ДПМНЕ да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.

Имаме одговорни и стабилни институции кои соодветно спроведуваат постапки за заштита на правата и интересите на државата и на граѓаните.“ - се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

0 Коментари

Остави коментари