СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден

Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет, се вели во соопштението од СДСМ.

„Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки „по празниците“, чека анализи и извештаи.

СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи да ги игнорира. Денеска, граѓаните ја плаќаат цената на таа неодговорност.