СДСМ тврди дека полицајци од Блаце требало да бидат „виновни“ за екскурзијата на Гаши, МВР тврди дека внатрешна контрола го испитува случајот
Ново продолжение но и обвинувања за случајот со собранискиот спикер Гаши и неговото идење на свадба во Косово откако опозициската СДСМ денеска повикувајќи се на свиркачи директно го впери прстот во министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека како што велат заедно со началникот Наим Рамука се обиделе преку притисок врз командирот на граничниот премин Блаце да издејствуваат да им се изречат писмени опомени на 6 полициски службеници односно целта како што тврдат била да поминат без парични казни но да си ја превземеле одговорноста.
Според информациите на Бихаќка командирот одбил тоа да го направи и побарал случајот да се разгледа и од Внатрешната контрола при МВР .
ТВ 24 побара став и од МВР од каде велат:
- Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во завршна фаза се проверките и активностите кои се преземаат за целосно расчистување на случајот. Ве информираме дека по целосното расчистување на случајот, во текот на наредните денови од страна на Министерството за внатрешни работи ќе биде објавена детална информација.
Иако од Бихаќка бараа и Јавното обвинителство да реагира по допрен глас од ОЈО само дообјаснуваат дека ако предемтот е влезен во натрешна контрола доколку таму се констатираат прекршоци сами ќе го процесоираат случајот во ОЈО ГОК.
Случајот со собранискиот спикер Гаши и неговото патување на свадба во Косово со службени возило предизвика низа реакции во јавноста. Ова е само еден од низата настани поврзани со него кои изминатиот период ја брануваа јавноста и беа причина за интерпелацијата која ја минатата недела ја поднесе Левица а Гаши ја преживеа по финалното гласање.
Во интерпелацијата беа наведени и случаите со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, а на товар му се ставаше дека како што наведуваа Левица работел незаконски и неделовнички, ја прекршил секуларноста на државата и употребата на македонскиот јазик но и како што наведуваа во 7 те точки дозволил извршување на верски обреди на една од собраниските комисии.