СДСМ тврдат дека веќе ги прецизирале имињата кои ќе ги предложат за Анкетната комисија

СДСМ наскоро ќе ги номинираат имињата за членови на анкетната за Кочани но и за модуларната болница во Тетово , Ласкарци и Беса Транс . Иако Филипче и деновиве најавуваше дека тоа ќе го сторат сепак денска од партиското седиште велат дека нивниот лидер и координаторот на нивната пратеничка група Оливер Спасовски веќе разговарале за имињата кои деновиве ќе ги достават откако ВМРО ДПМНЕ вчера ја актуелизираше повторно темата за модуларната болница во Тетово обвинувајќи го лидерот на СДСМ Филипче а која исто така е дел од анкетната која ја иницираше парламентарното мнозинство . 

Од ВМРО ДПМНЕ и денеска од партиското седиште  повторно за модуларната во Тетово го обвинија Филипче но и бараат одговорност а институциите да постапуваат но ниту денеска не кажаа кога ќе номинираат членови за анкетната бидејќи токму  модуларната и последиците од несреќата треба да бидат опфатени исто како и за случувањата со Кочани и останатите несреќи.

Позади иницијативата за анкетна за која власта и опозицијата кршеа копја чија да биде прифатена па беше одлучено да биде сепак онаа на парламентарното мнозинство позади која се потпишаа 70 тина пратеници од власта  а потребата ја гласаа и опозициските партии сепак за сега освен Левица ниту една не доставила предлог имиња за членови .  

 Оваа анкетна комисија ќе треба да има 15 членови од кои 7 од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, двајца од пратеничката група на СДСМ , двајца од Европскиот фронт , 2ца од Вреди и по 1 член имаат Левица и ЗНАМ .