СДСМ: Токму ВМРО ДПМНЕ му даваше тендери на Пуцко петрол
Апсолутно е некоректно и непринципиелно да се доведува СДСМ во некаква врска со тие бизниси со Пуцко петрол кога видовме во изминатиот период огромен број на постапки и тендери кај градоначалници на ДПМНЕ и од страна на нивни министерства, ги добивала токму таа компанија. Така да очекувам брза и транспарентна истрага и секој којшто го прекршил законот мора да понесе одговорност, велат од Социјал демократскиот сојуз на Македонија.