СДСМ: Со Тошковски МВР наместо заштитник на граѓаните стана синоним за скандали и партиска послушност
Отчетот на министерот за внатрешни работи Тошковски е далеку од реалната состојба во државата И Е УШТЕ еден обид за бегање од вистината. А вистината е дека за една година Македонија е далеку од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски, реагират со соопштение од СДСМ.
За една година, безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена – Македонија гори од насилство, убиства по улици, пресметки на криминални групи и безредие.
Државата западна во безбедносна, институционална и морална криза. По улиците се случува општ хаос. Нема ден, а да нема убиство, тепачка, сообраќајка.
Криминалците се шетаат слободно, а институциите, предводени од неспособни кадри, не можат да гарантираат ни основна сигурност, се наведува меѓу другото во соопштението реакција на СДСМ за отчетот на министерот за внатрешни работи.