СДСМ со прв вицепремиер и претседател на Собрание, ДУИ со технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ одлучува за следните чекори

На 28 јануари се очекува да се гласа за техничката влада со премиер Талат Џафери, а функцијата претседател на Собранието ќе ја преземе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Гласањето за нов претседател на Собранието се очекува да се одржи по новогодишните и божиќни празници, кон средината на јануари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе одлучува дали ќе учествува во техничката влада. Од друга страна, политичките партии работат на екипирање на техничката влада, изготвување изборни програми, предлагање кандидати за претседател и избор на нивните кадри за листите за пратеници за изборите на 24 април и 8 мај 2024 година.