СДСМ со допис бара Гаши да ја закаже комисјата за законот за бранители

Собранискиот спикер Африм Гаши да ја закаже комисијата за социјална политика за законот за бранители, побараа од СДСМ. Од опозицијата му пишаа на Гаши да го спроведе Деловникот. 

- Од кабинетот на Гаши молк за писмото на опозиционерите. Последен пат Гаши се огласи тврдејќи дека не може да закаже комсија за законот за бранители иако тој доби мнозинство, бидејќи комсијата била веќе еднаш закажана, иако без таа точка на дневен ред. - велат од СДСМ. 

Дека најверојатно бранителите ќе треба да почекаат подобри времиња покажува и фактот што иако и денска добија  поддршка од премиерот,  но не конкретнна акција нема. Мицкоски чека Илире Даути да го стави законот на дневен ред, не кажа дали неговите пратеници ќе инсистираат собранискиот спикер да ја закаже комсијата, како што направи за унгарскиот кредит, со неговите каолицкси партнери не разговарал за закон за борците на ОНА, на кој инсистира албанскиот блок. 

Од Вреди пак со нова порака до Мицкоски - сега не било време за решавање на статусот на бранителите. 

Дека Собрансикиот спикер го крши дековникот денеска порача и од Левица. Законот за бранители го поднсе во јули пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. Таа обвини дека Гаши го чувал во фиока два месеци. ОД СДСМ официјално засега не кажаа зошто тој закон не се најде на нивната агенда, минатите 7 години додека беа власт.