СДСМ: Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра

СДСМ соопшти дека Законот за минимална плата е на дневен ред во Собрание на Република Северна Македонија. Со Предлогот се бара минималната плата да изнесува 600 евра, како одговор на барањата на синдикатите и работниците. Од партијата велат дека средства може да се обезбедат со пренамена на буџетски ставки. Порачуваат дека „пари има“ и дека е потребна политичка волја. Од партијата ги повикаа сите пратеници да го поддржат законот, без изговори и калкулации.