СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство
Foto

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство

ВМРО-ДПМНЕ повторно застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во втората светка војна. Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат, реагираат од СДСМ.

„27 Април е еден од најтрагичните датуми од независноста па до денес. Само ВМРО-ДПМНЕ и мицкоски оправдуваат насилство! Тоа докажува дека матрицата на никола груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку христијан мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец. Денес, обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните, во служба на законите и правдината – велат од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари