СДСМ: Просечна плата од досега највисоки 40.000 денари

 

СДСМ преку соопштение утрово највува дека во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Според нив, ова е достижно и остварливо, со правилните политики кои СДСМ ги води во интерес на граѓаните.

- Тоа и веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари, – велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. - Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат, - се вели во партиското соопштение.