СДСМ: Проектот за гасен интерконектор со Грција е резултат на стратешка работа на владите на СДСМ

СДСМ ја поздравува секоја политика и мерка која оди во насока на унапредување на енергетската стабилност на државата, како и интеграција со европската енергетска мрежа – како што е гасниот интерконектор со Грција, велат од СДСМ. Гасниот интерконектор со Грција е дел од енергетската стратегија што ја постави владата предводена од СДСМ. 

Јавноста треба да знае дека почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција во близина на Неготино не е резултат на работата на Мицкоски, туку на стратешка работа, подготовки и визија на владите предводени од СДСМ, велат од опозициската партија.