СДСМ повторно ќе поднесе закон за помош на настраданите од Кочани

Откако не помина Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, од СДСМ најавија дека ќе го предложат повторно.

Пратеникот од опозициската СДСМ, Миле Талевски во телевизиско гостување во 24 анализа рече дека нема да се откажат се додека овој Закон не биде донесен. 

- Ние се соочивме со нив, разговаравме и се видовме со нив. Она што е суштинско е дека институциите на системот мора правдата да излези на виделина. Ние како пратеници мора да излезиме и да го поддржиме овој закон. Ние од СДСМ и коалицијата ќе инсистираме овој закон во Собранието да биде доенсен ако ВМРО-ДПМНЕ прифати овој ист закон да го поднеси до Собранието тука сме ние ќе му го поднмесиме законот само да го поддржат и да му излеземе во пресрет. -  Миле Талевски пратеник од СДСМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Кочани, пак, Миле Лефков во 24 анализа рече дека Законот предложен од СДСМ е спротивен на правниот поредок. Според него Законот е само за собирање на политички поени. 

- Законот треба да знаете дека е спротивен на правниот проедок. Жртвите се резултат на кривично дело и се резултат на корупција. Кога се поднесува Закон треба да биде усогалсен со другите закони. Со донесување на ваков начин се нормализира корупција. Со ваков предлог на Закон се создава преседан дека корупцијата е пресметлива и може да биде платена. - Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за семејствата на настарданите во Кочани кој беше предложен од СДСМ не се најде на собраниската седница бидејќи парламентарното мнозинство гласаше против надополнување на дневниот ред.