СДСМ покажа уште една бугарска лична карта од семејството на Арсовска

И сопругот на Арсовска имал бугарско државјанство и лична карта тврди владејачката СДСМ повикувајќи се на официјалниот сајт на бугарското МВР.

Презентирајќи ги на пресконференција овие наоди од Бихаќка  денеска велат дека личната карта на сопругот на Арсовска излегла еден месец пред нејзиниата. 

Арсовска пак и денеска во своето видео обраќање посочи дека се води црна кампања против неа и нејзиното семејство во како што вели отсуство на конкретни идеи и проекти на нејзините политички опоненти. 

Темата за Арсовска од домашен терен се префрли и во соседна Бугарија . Така денеска бугарските здруженија го запознаа поранешниот премиер  Борисов и со овие случувања. 

Државјанството на Арсовска покрај домашните медиуми станува се поактуелна и во бугарските . Вчера и Софискиот весник ТРУД излезе со наслов на статија Бугарка јавно линчувана во Македонија со која застана во одбрана на Арсовска.