СДСМ: Одложеното дејство на уставните измени за нас е прифатливо до одржување на втората меѓувладина седница

Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.

Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.

- ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата, изјави по седницата на ЦО Богданка Кузеска, портпарол на СДС.

Од владејачката партија велат дека за нив одложено дејство на уставните измени е прифатливо до одржување на втората меѓувладина седница, односно како што е наведено и во преговарачката рамка.