СДСМ: Обезбедени 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертори
Foto

СДСМ: Обезбедени 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертори

„Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции покажуваат дека политиките што обезбедуваат почист воздух се на прав пат. Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди за 10.000 семејства“ соопштија од СДСМ.

Од партијата со став дека „10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди. При реализација на мерката предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари“. 

„Греењето со инвертер клима уреди освен што е еколошко е и поевтино од греењето на дрва, што ќе обезбеди заштеда во домашните буџети и позитивно ќе влијае врз решавањето на проблемот со аерозагадувањето кој е најголем токму во грејната сезона. СДСМ уште еднаш докажува дека е посветена на квалитетна и здрава животна околина, што е предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, што воедно е и една од главните заложби во Програмата „Живот за сите“ - велат од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари