СДСМ најавува дека ќе гласа против законот за амнестија на коалицискиот партнер Лога
СДСМ најавува дека ќе гласа против законот за амнестија на коалицискиот партнер министерот за правда Кренар Лога.
Од пратеничката група на СДСМ за ТВ 24 велат дека пред стартот на седницата ќе имаат уште една координација на која се oчекува и заменичката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ која завчера од Охрид и индиректно кажа дека СДСМ се против законот кој во Влада го протурка министерот за правда Кренар Лога, а кој премиерот Димитар Ковачевски најпрво го поддржуваше и бранеше, а откако ТВ 24 објави дека со него се амнестираат осуденици во "Монструм" најави амандман.
За разлика од Ковачевски, дел од пратениците на СДСМ неофицијално цело време тврдеа дека нема да гласаат.
Неизвесно е каков потрес ќе предизвика во Владата ова доколку СДСМ остане на најавата, и дали ќе биде повод Арбен Таравари да ја напушти Илинденска.
За попладнево тројцата министри од Алијанса најавија заеднички брифинг.
Ова нема да биде прв поголем раздор меѓу Ковачевски и Таравари. Минатата недела веќе имало една средба да се пеглаат работите , откако министерот за здравство разрешил повеќе директори на болници кои биле од СДСМ. Од Алијанса за Албанците тврдат дека таков чекор бил направен бидејќи СДСМ не го испочитувала дел од договорот за Влада, а и како што велат опструирала дел од проектите на Алијанса.
Разиддување имаше и и за контроверзните измени нс КЗ со кои паднаа во вода делата за кои се гонат функционери кои Лога не ги потпиша, а пратениците на Таравари не ги гласаа.