СДСМ на 16 март ќе избира претседател, најавуваат пакет законски решенија за подобар животен стандард

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија на 16 март ќе избира претседател на редовни внатрепартиски директни избори, одлучил Централниот одбор на партијата. Централниот одбор на седницата избрал нов состав на Централната изборна комисија и го усвоил правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. На седницата бил одобрен и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, а кои предвидуваат средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информираат од СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.