СДСМ: Мицкоски уште еднаш потврди дека не ги почитува граѓаните
Foto

СДСМ: Мицкоски уште еднаш потврди дека не ги почитува граѓаните

Мицкоски не им се извини на граѓаните и покажа дека не ги почитува, насилничките сценарија и лажните вести се единствените политики за него. Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше, не им се извини за театарот пред болницата 8-ми септември. Со тоа Мицкоски уште еднаш потврди дека не ги почитува граѓаните. Граѓаните го гледаат и го ценат ваквото неодговороно и несериозно однесување на Мицкоски.

Насилничките сценарија и лажните вести се единствените политики на нервозниот Христијан Хидро Мицкоски. Мицкоски се демантираше самиот себе си за неколку секунди. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а само за неколку секунди самиот призна дека не е точно.

Обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста вмешаност на врвот на ВМРО-ДПМНЕ во крвававиот 27 април како главни осомничени за организирање на насилствата, не успеа. Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да има. - стои во соопштението од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари