СДСМ: Мицкоски склучил бизнис зделка во четири очи од 100.000 евра со водата во Гостивар
Додека граѓаните на гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас, соопштуваат од СДСМ. Постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер, велат од СДСМ...

