СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити
Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството. Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители. Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега. Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија. - велат од СДСМ.