СДСМ: Мицкоски нарачува анкети за да ја задржи фотелјата во белиот дворец

„Христијан Мицкоски доживеа дебакл со своите лаги и деструкции, со обидите да ја дестабилизира државата со крвави сценарија и да ја закочи на европскиот пат. Тој денеска е изолиран и осамен, освен проруската левица на Димитар Апасиев, сите други па дури и коалициски партнери му го свртеа грбот на Мицкоски. Затоа денес Мицкоски нарачува анкети за да си го билда сопственото его и за да ја задржи фотелјата во белиот дворец. Фингираните анкети, исто како и референдумот служат единствено за лична внатрепартиска употреба на мицкоски, стои во соопштението на  СДСМ.