СДСМ меѓу чеканот и наковалната во Собрание

Избори ли се избори, партиски маки големи - толку ли се плаши Димитар Ковачевски од пораз што не сака ниту да разговара за темата? Ги бара ли Христијан Мицкоски, а моли бога да не ги добие? СДСМ меѓу чеканот и наковалната во Собрание - ќе го брани ли скандалозното однесување на спикерот Талат Џафери или пак ќе ризикува кавга со коалицискиот партнер? Колку всушност Али Ахмети ќе биде тој што ќе ја однесе Македонија на ново пребројување на силите по ново јунско вето? 

За политичките превирања во 24 анализа дебатираат Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Петров член на ИО и поранешен пратеник на СДСМ.