СДСМ ќе предложи укинување на ддв за основни производи, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека се работи за демагогија

СДСМ доставува нов закон до Собранието за подобрување на куповната моќ на граѓаните. Законот предвидува укинување на ДДВ-то на основните прехрамбени производи.

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филиче вели дека на тој начин заштедата на граѓаните на месечно ниво ќе биде од 1200 до 2000 денари. Според него, овој закон не може да се изигра од трговците, како што го сторија пред да се воведе есенската кошничка.

„СДСМ поднесува предлог закон за изменување и и дополнување на законот за данок на додадена вредност со него се предвидува укинување на ддвето за прехрамбените производи односно од пет проценти на нула проценти ддв за сите основни производи за човечка исхрана. Односно со ова ќе бидат опфатени над 250 категории и производи кои ќе бидат со нула процент ддв.“ - Венко Филипче СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека нема да го подржат законот кој го понуди опозициската СДСМ. Пратеникот Бојан Стојановски вели дека понуденото законско решение имало  низа грешки и како таКво не може да влезе во собраниска процедура. 

„Поднесува законско решение со кое ќе се намалувало ддв-то на храната а лидерот на СДСМ во друштво со економските креатори на владата на сдсм од претходниот периот Фатмир Битиќи и Димитар Ковачевски предлага вакво решение иако истите тие луѓе во претходниот период четири пати такво законско решение одбија и само само да ја потсетам јавноста го покачија ддвето на над 2000 прехрамбени производи од пет до 10 проценти.“ - Бојан Стојановски – ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот на експертите е државата да не се меша во пазарната економија, бидејќи вамвите мерки давале повеќе негативни резултати отколку позитивни. 

„Меѓутоа има еден друг поголем, позначаен негативен ефект е тоа дека веќе забележуваме промени во структурата на производите и услугите. Тоа веќе не е добро и заради тоа отсекогаш апелирам дека вакви директи административни мерки се случуваат. Меѓутоа нивната примена е многу временски ограничена и се знае во кој услови се таа се применува, особено ако имаме притисоци од високи инфлаторни тенденции, сега за жал тоа не се случува.“ - Даниела Бојаџиева.

Синдикалната минимална кошничка за месец октомври поевтини само за 57 денари. А пресметките на синдикалците велат дека во текот на еден месец само за храна  на едно четиричлено семејство му се потребни 22,000 денари.