СДСМ ќе предложи намалување на ДДВ за електрична енергија, но и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите

 

Лидерот на СДСМ денеска на прес-конференција најави дека ќе предложат сет од седум мерки со цел подобрување на стандардот на граѓаните. СДСМ ќе предложи усвојување сет од седум економски мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните со цел да го сопре зголемувањето на цените на основните прехранбени продукти.

Одлуката на Владата за замрзнување на маржата на 10 проценти во трговијата на мало и големо, мерка што се очекува денеска да биде донесена на владина седница, според СДСМ е задоцнета и ќе нема ефект бидејќи е однапред најавена.

СДСМ најави дека ќе предложи намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 проценти, намалување на ДДВ на основните прехранбени продукти што со најавената мерка за ограничување на маржите би можело да доведе до намалување на цените за 30 проценти, фиксирање на маржите, итно да се спроведе Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.