СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за измени во Деловникот за онлине работа на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму во клинч за измените во деловникот со кои треба да се овозможи онлине работење во законодавниот дом за пратениците инфицирани од ковид 19 или оние кои се во изолација.
За парламентарното мнозинство најголем дел од амандманите на опозицијата се небулозни и неосновани, додека за опозициските партии измени во деловникот се можни само со консензус и усвојување на нивните амандмани.

