СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со поделени ставови за изборите, Уставен во среда одлучува за Собранието
Заев и Мицкоски со различни ставови за предвремените парламентарни избори. Откако лидерот на СДСМ, Заев за Утрински брифинг посочи дека мора да се искористи првата прилика за организирање на предвремени парламентарни избори, Мицкоски денеска пак во изјава за медиумите вели дека избори може да има, но само ако се создадат вистински услови за нивно организирање.
Заев вчера исто така посочи дека не гледа причина зошто по вторпат во државата била прогласена вонредна состојба, а на адреса на опозициската ВМРО-ДПМНЕ испорача дека партијата на Мицкоски се плаши од избори.
В среда пак по седницата на Уставниот суд, ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземат став дали да ја прифатиме иницијативата и по службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави за ТВ24 претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.
Мурати не сакал да прејудицира каква ќе биде одлуката. Според него, дали ќе се поведе постапката, ќе зависи од мнозинството судии.