СДСМ и ДУИ - мнозинството е стабилно и ќе се проширува

Широка владина коалиција или предвремени  избори.

Власта и опозицијата со спротиставени ставови околу стабилноста на парламентарното мнозинство откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со предлогот на Трајанов за широка владина коалиција посочи дека никој не сака да се качува на брод што тоне.

За владејачката СДСМ пак парламентарното мнозинство е стабилно и велат се стремат кон уште поголема бројка. Велат шпекулациите за нестабилно мнозинство се само желба на одредени политички опоненти.

Прашањето за широка владина коалиција се отвори деновиве откако Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз потенцираше дека оваа тема заслужува да биде разгледана и да остане отворена, но до тогаш вели останува во актуелната влада.

Наспроти ова пак  Ставот на коалицискиот партнер во власта ЛДП е строго против било какво формирање на широка владина коалиција.