СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособни, денеска ќе имаат панаѓур
„Една година помина од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните освен партизација на локалните администрации и расипничко трошење на општинските буџети, ништо друго не видоа. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски таканаречен саем ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“.
Оваа порака ја испраќаат од владејчката СДСМ по повод една година владеење на градоначалниците на опозициската партија.
-Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале, туку за интересите на нивниот шеф Мицкоски, велат од СДСМ.

