СДСМ: Фирма со двајца вработени добила 9 милиони евра за половина година
Новоформирана фирма со двајца вработени добила тендери вредни девет милиони евра тврдат од СДСМ. Фирмата била без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси девет милиони евра за само шест месеци, додаваат од СДСМ.
Велат дека преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари. Потенцираат дека од шест државни тендери, четири се склучени со Генералниот секретаријат на Владата.
Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, сеуште владеат во СДСМ, реагира поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето.
„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство.“ - реагира Димче Арсовски.
Од СДСМ ги повикаа Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК да реагираат и да отворат истрага.

