СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

За две години од владеењето на Христијан Мицкоски она што граѓаните го добија не е подобар живот, туку економски колапс, политичка изолација и континуирано лажење, велат од СДСМ.

Според партијата економијата е во длабока криза, а по две години на власт на ВМРО ДПМНЕ, буџетот е практично пред колапс.

„До јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 година, од 670 милиони евра. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок. Мицкоски ветуваше подобрување на животниот стандард, повисоки плати и подобар живот. Наместо тоа, граѓаните добија „маратон во сиромаштија“, велат од СДСМ...