СДСМ до Љутков: Превземањето на Универзална сала е законски

Превземањето на Универзална сала е законски и реконструкцијата мора да ја направи министерството за култура, вака од СДСМ му одговорија на министерот за култура Зоран Љутков, кој вчера обвини дека не се знае под чии владение е Универзална сала.

- Целокупната постапка за Универзална сала е спроведена низ соодветни законски процедури. Врз основа на овие законски постапки, одлуките на Советот на Град Скопје и на Владата е донесена и одлука за финансирање на реконструкцијата на овој објект. - СДСМ.

ТВ 24 побара став од Град Скопје, но до објавувањето на овој прилог не дадоа свој одговор.

Проф. Мишко Ралев, оценува дека состојбата со Универзална сала е политички проблем и службите се тие кои ја закочуваат изградбата, додека проектот, инженерски и архитектонски е исправен.

Проф. Ралев оценува дека е возможно да се изгради Универзална сала до 2028 година кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата, но апелира до сите политички ентитети да ја откочат градбата.

Вчера министеррот за култура обвини дека постапката за превземање на Универзална сала била незаконска и нелегална, но вети дека до 2028та кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата а токму Универзалната сала институција- носител на овој проект, Скопје повторно ќе го добие своето архитектонско одбележје.

На 9ти април годинава, универзална сала ја зафати голем пожар, само еден месец откако продолжија градежните работи по пауза од 2 години.