СДСМ денеска со предлог за анкетна и барање за надзорна расправа за Кочани

Пратениците на СДСМ денеска ќе поднесат предлог за анкетна комисија и  барање за надзорна расправа за катастрофата во Кочани во која загинаа 63 млади луѓе во импровизираната дискотека "Пулс".

 

Ова е договорено синоќа  на координацијата меѓу пратениците и лидерот на СДСМ Венко Филипче , по барање на пратениците.

 

Оваа одлука доаѓа откако во 24 Анализа родителите изјавија дека упатиле барање до политичите партии и пратениците , а на саботниот марш и јавно побараа  од пред Собранието.

Ставот на СДСМ беше ќе подржат формирање на анкетна кога ќе заврши истрагата за Кочани. ОЈО истрагата ја заврши во мај годинава.