СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

 

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија, оценуваат од СДСМ. 

Според оваа партија, само еден вид на леб е со намалена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е, како што оценуваат, незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.