СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите на ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ вината ја лоцира во СДСМ, Левица бара замрзнување на цената на струјата
Меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на електричната енергија и по одлуката на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.
Од Социјалдемократскиот сојуз обвинуваат дека со кризната состојба актуелната власт сака да ги дефокусира криминални тендери и покажува неспособност во управувањето со енергетиката
Од Левица, пак, излегоа со барање за укинување на Регулаторната комисија и замрзнување на цената на електричната енергија.
Левица:
„РКЕ со Бислимовски повторно се докажа дека е целосно непотребна институција, која само ги аминува барањата на австрискиот капитал... Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер енергетичар... Наместо таложење милионски профити за австриска ЕВН, Левица бара итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата и преиспитување на одлуката, како и државната ЕСМ продажба да биде постојан законски универзален снабдувач. ,, велат од Левица.
Владејачката партија, пак, виновникот за поскапувањето го лоцира во опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одговорноста за состојбите во енергетиката треба да се бара кај поранешната власт.
ТВМРО-ДПМНЕ
„Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како и криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДС ја поскапе струјата за 50%. Вистинското место на кое СДС може да се обратат за состојбите во енергетиката се нивните функционери и поставени кадри да го пљачкаат енергетскиот сектор. Затоа што парите од овој, за нив, профитабилен бизнис се во криминалните тендери кои СДС преку нивните раководства во енергетските компании си ги местеше, за што над 50 нивни функционери се со кривични пријави, меѓу кои и Васко Ковачевски кој е во бегство со украдените пари,, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакциите во јавноста доаѓаат откако Регулаторната комисија донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари. Според одлуката, кај 85 отсто од домаќинствата сметките ќе се зголемат во просек за 2,28 проценти, односно за околу 57 до 70 денари месечно. Не поскапува само скапата туку и евтината трафифа на струјата.

