СДСМ бара економски раст, ВМРО-ДПМНЕ зборува за нов лидер на СДСМ
Политички но и економски препукувања и пораки во пресрет на расправата за буџетот но и очекувањата за владина реконструкција откако и денеска опозициската СДСМ од партиското седиште ја обвини власта предводена од ВМРО ДПМНЕ дека води лоши економски политики но и дека на сметка на осиромашувањето на народот се богатат владините функционери .
Од ВМРО ДПМНЕ пак со порака до СДСМ и Филипче да се позанимаваат како што велат со внатрепартиските реформи но и сметаат дека оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака политички да опстане за да егзистира .
Политичката ретрика се повеќе се разгорува не само во пресрет на собраниската расправа за буџетот туку и најавената реконструкција на владата која премиерот Мицкоски ја најави по конгресот на ВМРО ДПМНЕ кој треба да се одржи во декември . Она што е се поизвесно е дека на вицепремиерското местото на Изет Меџити се очекува да седне Беким Сали . Сепак денеска одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од владината реконструкција тетовскиот градоначалник Билал Касами не сакаше да коментира само кратко посочи дека кога ќе дојде време ќе го изнеле својот став за тоа дали и која политичка партија може да стане коалициски владин партнер .
По шпекулациите кои се појавија во јавноста дека е можно ДПА да стане дел од владата од таму само кратко посочија дека таков предлог не добиле се уште но доколку добијат ќе го прифатат . Премиерот Мицкоски пак и во изминатите неколку дена апелираше да не се подлегнува на шпекулации и тврдеше дека Вреди нема да добијат министерско место повеќе во владата откако тие пак претходно се пофалија дека на местото на Меџити како вицепремиер доаѓа Сали, а за министерската фотеља за животна средина тврдеа дека ќе номинираат друго име бидејќи и двете функции претходно ги врешеше Меџити .

