СДСМ: 800 милиони евра капитални инвестиции во буџетот за 2023

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година е развоен и токму затоа се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални инвестиции во однос на оваа година. 

- Капиталните инвестиции се насочени за инфраструктурни проекти за поврзување внатре во државата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжува изградбата на железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, стои во соопштението на СДСМ.