СДСМ: 100 дена изговори, скандали разочарувања

 

Досега немало влада со толку лош почеток на владеењето, реагираат од опозициската СДСМ.  

Ако денот се познава по утрото, уште полошо ги чека граѓаните и државата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најнеспособната власт од независноста на државата до денеска. Власта ги изневери и ги разочара граѓаните, најмногу со тоа што сите нејзини ветувања пред изборите ги замени со изговори зошто не може да ги реализира. Ветуваа поголеми плати а просечната плата се намали за 1.000 денари, нема покачување ниту на минималната плата, ниту на платите за наставнивите и другите работници. Ветуваа поголеми пензии за 5.000 денари а не можат да испорачаат ниту половина. Ветуваа намалување на задолжувањето а го зголемија долгот на граѓаните за над 60%. Им натоварија 500 милиони евра на грбот на граѓаните. Наместо реални мерки за намалување на цените мачкаат очи загрозувајќи го стандардот на народот. се наведува во писменото соопштение на СДСМ.