СБ предвидува: Македонија со намал економски раст во регионот

Македонија и годинава ќе биде закована на дното по остварувањето на економскиот раст во однос на земјите и регионот. Проблематична е и инфлацијата, цените во земјава и натаму се на високо ниво.

Ова се клучните наоди од извештајот на Светска Банка. Најновиот извештај на Светска банка покажува дека годинава македонската економија ќе испорача раст од само 2,5 отсто. Предвидувањата за економијата на Босна и Херцеговина се дека ќе испорача зголемување на БДП од 2,6 отсто.

Во останатите држави предвидувањата за економскиот раст изнезува над три отсто, односно Светска банка прогнозира дека косовската економија годинава најдобро ќе помине и ќе испорача раст од 3,7 отсто, веднаш зад неа е Србија со раст на економијата од 3,5 отсто. Нешто помал раст се прогнозира за Црна Гора и Албанија.

 

Економски раст на Западен Балкан 2024

Косово 3,7%

Србија 3,5%

Црна Гора 3,4%

Албанија 3,3%

Босна и Херцеговина 2,6%

Македонија 2,5%

 

Ваквата лоша состојба на економијата директно влијае врз квалитетот на живот на граѓаните. Со исти маки се соочуваат добар дел од населението од Западен Балкан.

„Повеќе од една третина од сите луѓе во регионот живеат во домаќинства кои не би можеле да покријат животно трошоци за две недели во случај на главниот извор на приходи. И повеќе од половина од луѓето во регионот не би можеле да покријат животни трошоци од еден месец. Ова е висока стапка на ранливост.“ - велиЈоана Маџоска економист на Светска Банка.

Инфлацијата е проектирана годинава да заврши на три отсто, и тука има добар напредок, но проблематично е што основната инфлација, односно нивото на цените не се намалуваат. Од Светска банка велат дека растот на платите во Македонија може да предизвика инфлаторни турбуленции поради тоа што висината на примањата не соодвестува со продуктивноста на работната сила.

„Овие ценовни трошоци доаѓаат од зголемување на пшрофитните маржи над она што може да се оправда, бидејќи гледаме дека има несиметричност на пазарот или олигопол на трговија, сега е времето да се направи тоа.“ - вели Сања Маџаревиќ-Шујстер Виш економист на Светска Банка.

Како евентуални ризици за тековната година, од оваа меѓународна финансиска институција гледаат во политичката сцена не само во земјава туку во и во регионот, потоа во геополитичките состојби кои влијаат врз трговијата на државите. Економистите ги напоменаа и изборите кои се на повидок кои според нив ќе бидат пречка за продолжување на потребните реформи за членство во Европската унија.