Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права
Foto

Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права

Поранешниот советник во саудискиот кралски дворец, Сауд ал-Катани кој беше соработник на принцот Мохамед бин Салман и беше отпуштен поради неговата улога во убиството на Џамал Кашохи, годинава лично надгледувал мачење на најмалку една уапсена активистка за човекови права, соопштија двајца неименувани претставници на Саудиска Арабија.

Жената, како и уште најмалку три други активисти, биле подложени на сексуално малтретирање, мачење со струја и камшикување, во периодот од мај до август во „неофицијален“ центар за притвор во Џеда. Мачењата ги извршувала група од шест мажи кои се разликувале од оние кои рутински ги испрашувале притворените жени и биле вработени во саудиската Федерација за компјутерска безбедност, програмирање и дронови. Во тоа време таа беше предводена од Ал Катани. Тој лично присуствувал на најмалку едно од мачењата.

Жените биле уапсени врз основа на обвиненија дека ќе и наштетат на националната безбедност и стабилност, изјави друг официјален претставник на саудиското кралство.

Тој исто така тврдел дека правата на жените биле почитувани и оти добивале медицинска и социјална помош, имале посети од страна на семејствата, и имале право на адвокат. Жените биле дел од 11 влијателни активистки од кои осум се уште се во притвор, а меѓу нив се и жените за кои се тврди дека биле мачени.

0 Коментари

Остави коментари