Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина
Foto

Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Ново предупредување дека русија се подготвува за инвазија..Во телефонски разговор меѓу Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зелински, претседателот на САД изразил загриженост дека руската армија веќе следниот месец би можела да тргне во офанзива.

Според преставници на Пентагон, на руско - украинската граница се наоѓаат 62 батаљони, за три повеќе од минатата недела, а бројот на руски војници е зголемен и во Белорусија.

„Претседателот Бајден рече дека постои јасна можност русите да ја нападнат украина во февруари. Тој тоа го кажа јавно и за тоа предупредуваме со месеци.“ - изјави Емили Хорн портпаролката на националниот совет за безбедност на Белата куќа.  

Од Кремљ велат дека постои малку оптимизам за решавање на кризата, откако САД и НАТО ги одбија нивните барања. Иако руската војска продолжува со активностите долж границата со украина, од Кремљ остануваат на ставот дека не се подготвува никаков напад врз украина и бараат од сите засегнати страни да се придржуаат до веќе постигнатиот договор.

„Ако зависи од Русија, нема да има војна. Но нема да дозволиме да бидат погазени нашите интереси ниту пак да бидат игнорирани нашите барања. Но како што знаете, американците и НАТО, еден месец го проучуваа многу едноставниот предлог кој го испративме, и на крај, во нивен стил, не дадоа конкретен одговор.“ - изјави Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме украинците се подготвуваат за војна. Велат дека веќе се навикнати да живеат под закана но предупредуваат дека ситуацијата никогаш не била толку непредвидлива како што е денеска.

„Секој украинец е загрижен. Некои почнаа да собираат храна, некои го чистат оружјето и се подготвуваат за напад...Многу Се зборува за ова во медиумите и сите знаат за оваа закана.“

„Ова нема да биде конфликт, туку може да биде вистинска војна. Мнозинството луѓе во украина се подготвени за она што може да се случи.“

Од Европската комисија се заканија дека во случај на инвазија, проектот околу гасоводот Северен тек 2 ќе биде суспендиран, а покрај ова, Москва ќе се соочи со дополнителни санкции.

0 Коментари

Остави коментари